Делегација на НДМ на средба со Едмонд Темелко


11.05.2008 | 00:23:03 | Соопштенија


Делегација на НДМ на средба со Едмонд Темелко

НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА во денешното соопштение за јавноста информира дека делегација на партијата предводена од Претседателот Јанко Бачев, а во чиј состав беа и Трпко Спасовски-член на Извршниот комитет, Влатко Коруновски-член на Централниот Комитет и Трајко Котески-Претседател на Општинскиот Комитет Охрид, на 11 мај 2008 во Пустец Албанија оствари средба со г-дин Едмонд Темелко, Градоначалник на Општина Пустец.

На средбата, делегацијата на НДМ темелно беше запозната со актуелните проблеми на Македонците во Албанија, и притоа г-дин Темелко го изрази своето задоволство од фактот што за првпат од осамостојувањето на Македонија наидуваат на целосно разбирање од една македонска Влада, односно во случајов лично од премиерот, г-дин Никола Груевски.

Притоа беа нотирани конкретните барања и сугестии за натамошно унапредување на положбата на Македонците во Албанија, и во оваа насока НДМ како дел од коалицијата “За подобра Македонија” и во новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ континуирано ќе го актуелизира прашањето за положбата на нашите браќа и сестри во Албанија и соседните земји воопшто.

Во овој контекст, во месец мај 2008 партиска делегација на НДМ во рамките на меѓународните активности на партијата ќе оствари работна средба во Лерин, Грција и Благоевград, Бугарија и со претставници на македонските партии “Виножито” и ОМО “Илинден-Пирин”.

НДМ смета дека во контекст на геостратешките случувања во регионот е дојден денот за вистинско решавање на прашањето на Македонците, а дали ќе ја искористиме шансата што еднаш веќе ја пропуштивме во 1990 во контекст на тогашната почетна стратегија на САД за Балканот изготвена од ЦИА што се однесуваше за статусот на Македонија, а која за жал беше целосно игнорирана од тогашниот претседател Глигоров, останува прашање на желба на нас самите да ги надминеме делбите и да покажеме јасна воља дека искрено сакаме да се обединиме на македонски.