Во Македонија има агресија од НАТО, а не руска агресија


07.06.2018 | 13:04:59 | Соопштенија


Во Македонија има агресија од НАТО, а не руска агресија

Единствена Македонија реагира на вчерашните лаги на постојаниот преставник на САД во НАТО, амбсадорката Кеј Бејли Хачинсон дека НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија.

Единствена Македонија искрено жали што амбасадорката Хачинсон ги испомешала работите бидејќи во Македонија нема руска агресија, туку има НАТО агресија за целосно обезличување и бришење на македонскиот народ.

За волја на вистината, НАТО има потреба да брани некого, но, тоа се купените и корумпирани марионетски власти во Скопје и нивниот грабеж на преку десет милијарди евра во изминатите 27 години а кои за возврат слепо ги следат погубните политики на странските газди од НАТО за рушење на Македонија и Македонците.

Еден од првите чекори на новата легална власт на Единствена Македонија е токму одземањето на украденото од марионетските власти во Скопје во изминатите 27 години, а очајниот обид на НАТО да ги одбрани ќе биде неуспешен во новите геополитички поместувања кои се навестуваат и тие доаѓаат.

Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија се одлучни да ја бранат Македонија од агресијата на НАТО за бришење на Македонците од светската карта на нации.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 7 јуни 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Агенда

Тајм

Вести

Дејли

Грид