На Заев му честитаме на рамнодушноста, но не му завидуваме на наивноста


31.01.2018 | 07:50:16 | Соопштенија


На Заев му честитаме на рамнодушноста, но не му завидуваме на наивноста

Единствена Македонија повикува на прекин на собраниската расправа за Законот за употреба на јазиците и законот да се достави до Венецијанската комисија на уставно-правно мислење од професори по уставно и меѓународно право кои членуваат во Комисијата.

Во услови на длабока поделеност во земјата каде владата на СДСМ тврди дека законот е уставен а целата патритоски настроена и слободно мислечка јавност тврди дека законот не е уставен и ги загрозува националните и државните интереси, мислењето на Венецијанската комисија може да биде корисно.

Зачудува наивноста на премиерот Заев дека законот ќе го испрател до Венецијанската комисија, но, дури по неговото усвојување, иако не постои човек во државата на кого не му е јасно дека Венецијанската комисија дополнително по изгласувањето на законот и да утврди неуставност, тоа ќе нема никаква смисла. Општо познато е дека Албанците не фермаат правен поредок кога некој чепка во т.н. стекнати права, без оглед што не се во согласност со Уставот, и оттука, невозможна мисија е враќањето во поранешна состојба и доколку Венецијанската комисија препорача дека законот е неуставен во услови кога би бил изгласан.

Единствена Македонија му честита на Заев за рамнодушноста дека може да им одземе веќе изгласани права на Албанците доколку Венецијанската комисија укаже на неуставност на законот по неговото изгласување, но не му завидуваме на Заев на наивноста.

Затоа, најдобронамерно му советуваме на Заев, законот да го прати во Венецијанската комисија пред неговото изгласување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 31 јануари 2018

Медиуми:

Макфакс

А1 он

Точка

Вечер

Мактел

Пост

Пинг

Македонски медиа сервис

Подгорци инфо сервис

Скај

Тајм

Вести

Грид

Дејли