Иванов, Заев и Мицковски да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите


26.01.2018 | 07:48:16 | Соопштенија


Иванов, Заев и Мицковски да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите

Единствена Македонија очекува на утрешната средба на Иванов, Заев и Мицковски, покрај разгледувањето на предлозите на Нимиц за промена на името и обезличување на Македонија и Македонците, да направат и една добра работа и да ја договорат формата за слобода на уставобранителите - преку претседателот со помилување, или преку Собранието со амнестија.

Дотолку повеќе, владиниот партнер ДУИ, преку Талат Џафери на 1 декември 2017 при неговото гостување на ТВ Телма рече дека за ДУИ нема смисла притворот на уставобранителите.

Единствена Македонија потсетува дека граѓаните на 27 април влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Дури, и претседателот Иванов при давањето на мандатот бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.

Единствена Македонија верува дека утре, Иванов, Заев и Мицковски ќе бидат на висината на задачата, и меѓудругото, ќе ја договорат слободата за уставобранителите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 26 јануари 2018