За кое владеење на правото зборува Европската Унија


07.02.2018 | 07:35:34 | Соопштенија


За кое владеење на правото зборува Европската Унија

Единствена Македонија го осудува дволичниот однос на Европската унија и преку најновата Стратегија за проширување наменета за Македонија и останатите земји од Западен Балкан.

Имено, ЕУ со Стратегијата бара усогласувањето на правните системи на Македонија и земјите од Западен Балкан заради владеење на правото, демократија, човекови права...

Меѓутоа, за каква демократија зборува ЕУ, кога токму Унијата преку Грција како нејзина земја-членка не ги почитува овие демократските стандарди.

Затоа, земајќи ја предвид 27-годишната лажна лекција по демократија од страна на ЕУ, Единствена Македонија ја прашува Унијата како самопрогласена учителка по демократија, како е можно Грција која е 37 години членка на ЕУ, прво, да не ги признава Македонците во Грција и нивните основни човекови права гарантирани со меѓународното право, да ги присилува да користат грчки имиња и да не им ја признава сопственоста врз имотите во Беломорска Македонија, второ, како е можно македонскиот народ да биде уценет од ЕУ со фашистичко барање за промена на името и идентитетот за членство во Унијата а која за себе вели дека е демократска институција, и трето, како е можно земји-членки на ЕУ да учествуваат во рушењето и бомбардирањето на суверени држави.

За Единствена Македонија нема дилема. Овие прашања заслужуваат одговор. Затоа, европските бирократи му должат објаснување на македонскиот народ.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 7 февруари 2017

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

МКД

Локално

Фокус

Скај

Точка

Пинг

Македонски медиа сервис

Тајм

Грид

Вести

Дејли