Заев да се отрезни од заблудата за едно општество кога Еди Рама веќе зборува за претседател на сите Албанци


20.02.2018 | 07:25:11 | Соопштенија


Заев да се отрезни од заблудата за едно општество кога Еди Рама веќе зборува за претседател на сите Албанци

Единствена Македонија изразува крајна вчудоневиденост од целосниот молк на Зоран Заев по повод последните случувања за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Имено, во главниот град Скопје се славеше 17-годишнина од терористичкиот напад врз македонските безбедоносни сили и десет години од нелегалната сецесија на Косово, албанскиот премиер Еди Рама најави заеднички претседател и заедничка надворешна политика за Албанците во регионот, што севкупно укажува дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија терористите од ОВК и УЧК ќе предизвикаат кај ни заборав за „Голема Албанија“.

За Единствена Македонија нема дилема. Проектот „Голема Албанија„ мора да биде запрен, бидејќи претставува голема закана за безбедноста и мирот во Македонија како и во сите балкански држави.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се отрезни од заблудата за едно општество во услови кога Еди Рама почнува да зборува за обединување на Албанците во регионот, а екс командантите на ОНА во Македонија не размислуваат на ништо друго освен за методите за реализација на „Голема Албанија“.

Единствена Македонија смета дека е созреан моментот Македонија да размислува за нови сојузништва, и оттука, треба да се зграпчи неодамнешната понуда на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, дека Русија има алтернатива за сите балкански држави.

Центар за комункации на Единствена Македонија Скопје, 20 февруари 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Скај

Вечер

Мактел

Пинг

Точка

Весник нет

Македонски медиа сервис

Агенда

Тајм

Грид

Вести