Ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2


23.02.2018 | 07:23:01 | Соопштенија


Ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2

Единствена Македонија го осудува отстранувањето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Ќосето и истовремено изразува изненаденост од брзопотезноста на Петре Шилегов кој вели дека го отстранил споменикот бидејќи бил дивоградба иако согласно законот му стои на располагање можноста да го легализира за 1 евро по м2.

Изненаденоста и вчудоневиденоста е уште поголема од најавата на Петре Шилегов дека ќе посадува дрво посветено на човековите права од членот 10 од Декларацијата за човекови права за праведно судење, со што сакал да испрати порака дека правдата е непристрасна.

Ова од причина што, во услови кога на дело е обидот за завршен удар за обезличувањето и бришењето на македонскиот народ во контекст на спорот за името, Петре Шилегов треба да постави изгравирана плоча и да прати порака во смисла на член 1 од Повелбата на Обединетите нации, член 1 од Универзалната декларација за човековите права, член 1 од Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права и член 1 од Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права во кои се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права и дека сите народи имаат право на почитување на начелата на рамноправност и самоопределување на народите да го определат својот политички статус вклучително и правото на македонскиот народ да го носи името - Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 23 февруари 2018

Медиуми:

ТВ Сител

ТВ Алфа

А1 он

Прес 24

Фокус

Пинг

Македонски медиа сервис

Грид

Тајм

Вести