Скандал е што Заев избирал функционери да си играат и да учат како се води држава


25.02.2018 | 07:20:51 | Соопштенија


Скандал е што Заев избирал функционери да си играат и да учат како се води држава

Зоран Заев вчера најави реконструкција на владата и притоа рече дека голем е бројот на луѓето во Владата кои многу се трудат, а не знаат, но се трудат и да научат.

Ова е скандал сам по себе, бидејќи, произлегува дека Заев прво избирал владини функционери кои потоа треба да се трудат и да научат како се води држава.

Единствена Македонија му укажува на Зоран Заев дека не избира било кој, туку државни функционери за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните, и оттука, избраните треба да бидат луѓе со знаење, искуство и достигнување.

Меѓутоа, со шокантната изјава на Заев за избор на луѓе во владата кои треба да си играат и да научат како се води држава, всушност дојде и потврдата зошто Македонија е посрамена, понижена и со крајно нарушено државничко достоинство на меѓународната сцена. Во секое зло, добро!

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 25 февруари 2018

Медиуми:

А1 он

Фокус

Пинг

Македонски медиа сервис

Тајм

Грид

Вести