Високи гости од Русија во посета на Единствена Македонија


01.03.2018 | 07:15:46 | Соопштенија


Високи гости од Русија во посета на Единствена Македонија

Утре, петок, 2 март, во тридневна посета на Единствена Македонија доаѓаат идеолозите на евроазиската интеграција, професорите Александар Дугин и Леонид Савин, на средби и разговори со раководството на Единствена Македонија.

Посетата на Дугин и Савин е од особена важност за препознавање на досегашните активности на Единствена Македонија на домашен терен по донесувањето на историските одлуки од 21 јануари годинава партијата да настапува под назив: Единствена Македонија и залагањето за радикален пресврт во македонската политика што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Во рамките на посетата, високите гости од Русија заедно со претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, професорите Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов, ќе бидат говорници на панел дискусијата што ја организира Единствена Македонија во сабота на тема: „Иднината на Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 1 март 2018

А1 он

Мактел

Македонски медиа сервис

Пинг

Народен глас

Тајм

Грид

Вести