Копретседателите Заев, Мицковски и Ахмети од партијата „Погреб за Македонија„ веќе договориле промена на името


07.03.2018 | 07:08:46 | Соопштенија


Копретседателите Заев, Мицковски и Ахмети од партијата „Погреб за Македонија„ веќе договориле промена на името

Единствена Македонија изразува шокираност од најновите информации, според кои, деновиве на меѓусебните средби меѓу Зоран Заев, Христијан Мицковски и Али Ахмети е постигната согласност за промена на името и на средбите всушност се разговарало за технологијата како да се изведе операцијата за обезличување на македонскиот народ и промената на вековното македонско име.

Значи, повеќе нема дилема. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ настапуваат како една партија „Погреб за Македонија„ со ко-претседателите Зоран Заев, Христијан Мицковски и Али Ахмети, со крајна цел промена на името-Република Македонија.

Единствена Македонија ја предупредува партијата „Погреб за Македонија“ и нејзините ко-претседатели Заев, Мицковски и Ахмети дека немаат мандат да го обезличат македонскиот народ и дека промената на името ќе се смета за национално предавство.

Со доаѓањето на новата легална власт ќе бидат поништени сите антимакедонски и антидржавни акти на владејачката партија „Погреб за Македонија„ со кои се рушат Македонија и Македонците.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 7 март 2018

Медиуми:

А1 он

МКД

Поглед

Фокус

Пост

Тајм

Грид

Вести