Бачев му ја честита победата на Путин


19.03.2018 | 06:54:29 | Соопштенија


Бачев му ја честита победата на Путин

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев денеска, 19 март 2018, упати честитка до Владимир Путин по повод неговата победа на претседателските избори во Русија.

Почитуван претседателе Путин,

- Дозволете ми, од името на Единствена Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Руската Федерација, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција.

Единствена Македонија придава исклучиво значење на стратегиското партнерство со Русија, а заложбата за неговото остварување претставува посебен интерес за Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Република Македонија.

Вие сте на чело на Вашата држава во време на безбедносни бури, глобални предизвици и нов поредок. Овие предизвици неминовно се рефлектираат и на државите од Балканот, вклучително и Република Македонија. Во нашите 27 години независност и сувереност, народот на Македонија е особено благодарен на братскиот народ на Русија за почитување на нашето име, идентитет, јазик, култура територијален интегритет, суверенитет и унитарност.

Истовремено, во нашите 27 години независност, Република Македонија се соочува со неоколонијалната политика на НАТО и ЕУ во содејство со домашните јаничари со изгубено национално чувство. И како што на светот му треба поредок, така нам ни треба стабилност, безбедност и просперитет. За постигнувањето на овие цели потребна е интеграција на Република Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија. Единствена Македонија се залага за радикален пресврт во македонската политика што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија. За постигнувањето на овие цели посебно значајна е подршката од Русија.

Длабоко сум уверен дека Русија под Вашето лидерство ќе помогне во исполнувањето на овие највисоки стратешки цели на Единствена Македонија и македонскиот народ.

Дозволете да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам за руската подршка за Република Македонија и да изразам верба дека во време на Вашиот мандат Република Македонија ќе го добие историскиот стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Убеден сум дека ќе демонстрирате лидерство во изградбата на подобра иднина на целото човештво, како и лидерство во промоција на принципите и стандардите кои ќе градат соработка и почитување помеѓу нациите.

Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде остварено, за што Ви ја искажувам целосната подготвеност на македонскиот народ и новата легална власт на Единствена Македонија која се навестува и таа доаѓа во Република Македонија. Сакам да ве уверам дека македонскиот народ, како докажан пријател и партнер на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжи да ги подржува руските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, изразите на моето највисоко почитување - се вели во честитката на претседателот Бачев.

д-р Јанко Бачев, Претседател на Единствена Македонија

Медиуми:

А1 он

Македонски медиа сервис

Либертас

Мактел

Слободен печат

Медиа 24

Грид

Тајм