Заев да најде експерти за името, наместо да лаже дека сите партии и 75 отсто од народот е за НАТО


21.03.2018 | 06:49:27 | Соопштенија


Заев да најде експерти за името, наместо да лаже дека сите партии и 75 отсто од народот е за НАТО

Единствена Македонија го осудува дрското и безобзирно лажење на Зоран Заев, кој вчера рече дека сите политички партии и 75 отсто од народот биле за влез на Македонија во НАТО.

Ова е очајнички обид на Заев да ја релативизира се по изразената јасна намера на македонскиот народ и еден дел од малцинствата за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Зоран Заев наместо да шири лаги, спроти утрешната посета на Никос Коѕијас да каже зошто нема посебни советници за името и со таквиот несериозен пристап ги урива македонските позиции за името како прашање од највисок национален интерес.

За споредба, грчкиот министер Никос Коѕиас доаѓа утре во Скопје со предлог-спогодба од  20 страници за името, подготвена од дури 60 советници - судии, професори по меѓународно право, искусни дипломати...кои се дел од тимот советници на грчката влада за името во изминатите 27 години, а Зоран Заев без ниту еден посебен советник за името „ќе се спротиставува„ со излитени фрази за мудрост, разум, достоинствено решение, а кои воопшто не се  корисни против геноцидната политика на Грција спрема Македонија и Македонците.

Единствена Македонија го предупредува Зоран Заев да ја прекине опасната авантура за обезличување на македонскиот народ оти нема мандат за промена на името и му советуваме фокусот да го насочи кон Обединетите нации каде на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името-Република Македонија во Обединетите нации.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ Скопје, 21 март 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Скај

Вечер

Мактел

Весник

Пинг

Македонски медиа сервис

Тајм

Вести

Грид