Сочуство од Единствена Македонија за трагедијата во Кемерово


29.03.2018 | 06:45:38 | Соопштенија


Сочуство од Единствена Македонија за трагедијата во Кемерово

Сочуство, Единствена Македонија Јанко Бачев, Стефан Влахв Мицов, Ацо Николовски, Зоран Јованчев Скопје, 29 март 2018

Претставниците на Единствена Македонија, Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Ацо Николовски и Зоран Јованчев, денес, четврток, 29 март, 2018 во амбасадата на Руската Федерација во Скопје се потпиша во Книгата на жалост за жртвите од трагедијата во Кемерово во која загинаа 64 лица меѓу кои и голем број деца.

- Во името на Единствена Македонија и во свое лично име, изразуваме најдлабоко сочуство до братскиот народ на Русија и до семејствата на сите загинати во големата несреќа во Кемерово - напишаа претставниците на Единствена Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 29 март 2018