Паднаа маските на Зоран Заев и Христијан Мицковски


30.03.2018 | 06:42:42 | Соопштенија


Паднаа маските на Зоран Заев и Христијан Мицковски

Единствена Македонија располага со сознанија дека ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе донесе одлука да се врати во Собранието со што се реализира непристојниот пазар-укинување на притворот за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ а за возврат ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието заедно со СДСМ да ги донесат законите за разнебитување на Македонија.

Исто така, СДСМ два дена преку соопштенија зборува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во толпа на денот кога биле нападнати пратеници и новинари со што имплицира улога на Мицковски во настаните од 27 април, а од друга страна го штити Мицковски во услови кога за истата правна и фактичка ситуација власта на СДСМ врши политички прогон на уставобранителите кои и понатму се наоѓаат во занданите на Истражниот затвор Шутка.

Паднаа маските. Зоран Заев и Христијан Мицковски се всушност копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои во заднина ги владеат и насочуваат правосудните процеси во државата.

Новата легална власт ќе утврди правна законска одговорност за сите кои ги девалвираат вредностите на македонското правосудтство земајќи предвид дека правосудството е независно и мешање во неговата работа не е задача на лицата од партијата „Погреб за Македонија„

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 30 март 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Точка

Мактел

Пинг

Македонски медиа сревис

Тајм

Грид

Вести