Заев да каже какви отстапки направи Грција во спорот за името


31.03.2018 | 20:17:53 | Соопштенија


Заев да каже какви отстапки направи Грција во спорот за името

По вчерашната средба во Виена за спорот за името, учесниците Димитров, Коѕијас, медијаторот Нимиц, како и домашните и странските медиуми излегоа со позитивни оценки кои се сведуваат на тоа дека има прогрес во преговорите за името бидејќи и двете страни, Грција и Македонија, прават мали чекори и отстапки една кон друга.

Во изминатите 27 години во спорот за името, Македонија навистина направи серија „мали„ чекори и отстапки кон Грција, како на пример, промена на Уставот (1992) промена на името (1993) промена на знамето (1995), во 2018 година промена на имиња на аеродромот, автопатот, рушење на споменици на истакнати револуционери кои загинале за Македонија....

Од друга страна, за Единствена Македонија и македонскиот народ и понатаму останува мистерија кои мали чекори и отстапки во изминатите 27 години ги направи Грција кон Македонија, а за кои се зборува по вчерашната средба во Виена.

Затоа, Единствена Македонија го повикува Зоран Заев како најодговорен во македонската политика да ги обелодени пред македонскиот народ т.н мали чекори и отстапки на Грција кон Македонија во спорот за името во изминатите 27 години.

Ја користиме приликата да го потсетиме Зоран Заев да ја прекине опасната авантура за обезличување на македонскиот народ оти нема мандат за промена на името и фокусот да го насочи кон Обединетите нации каде на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името-Република Македонија во Обединетите нации.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ Скопје, 31 март 2018

А1 он

Пинг

Македонски медиа сервис

Тајм