Шеќеринска ги префрла македонските војници од Авганистан во Сирија да војуваат против Русија


11.04.2018 | 20:07:57 | Соопштенија


Шеќеринска ги префрла македонските војници од Авганистан во Сирија да војуваат против Русија

Единствена Македонија изразува шокираност од средбата на Радмила Шеќеринска со амбасадорот Џес Бејли која е сокриена од јавноста, а на која Шеќеринска изразила спремност да ги префрли македонските војници од Авганистан во Сирија за потребите на САД во војната против Русија.

Станува збор за 44 лица на АРМ кои во рамките на операцијата предводена од НАТО „Одлучна подршка„ во моментот се наоѓаат во Авганистан.

Единствена Македонија ја прашува Шеќеринска дали е свесна во каква опасна авантура влегува со испраќањето на македонски војници да послужат како топовско месо против Русија во новата светска војна која ја спрема САД.

За Единствена Македонија е познато дека Шеќеринска и останатите од партијата „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат жестоко казнети од своите странски господари доколку не ги исполнуваат задачите против Македонија и Македонците откако претходно се веќе корумпирани и купени токму од овие странски ментори.

Меѓутоа, ставот на Единствена Македонија и македонскиот народ е и останува ист: секогаш сме верувале дека нема и ништо не може да оправда војување на македонски војници против Русија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 11 април 2018

Медиуми:

ТВ Сител

А1 он

Макфакс

Вечер

Република

Точка

Актуелно 24

Пинг

За се

Инфомакс

Македонски медиа сервис

Тајм

Грид

Дејли

Вести

Реакција на Министерството за одбрана

ТВ Канал 5

МКД

Локално

Плусинфо

А1 он

Стандард

Макфакс

Бриф

Вечер прес

Либертас

Весник

Независен весник

МКД

МИА