Делегацијата на Единствена Македонија на средба во Москва со лидерите на Евроазиското движење


14.04.2018 | 20:00:41 | Соопштенија


Делегацијата на Единствена Македонија на средба во Москва со лидерите на Евроазиското движење

Делегацијата на Единствена Македонија продолжува со средбите и разговорите во рамките на посетата на Москва.

Денес, сабота, 14 април, беше остварена средба со лидерите на Евроазиското движење и клучните руски стратези, Александар Дугин и Леонид Савин.

На средбата беше разговарано околу агресијата на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, спротивно на меѓународното право, и рефлексијата на оваа злосторничка акција на Балканот вклучително и врз Македонија.

Притоа беа договорени активностите за одбрана на Република Македонија во контекст на претстојните геополитички поместувања на Балканот и Македонија, заради што, ќе следи очајнички воен обид од страна на САД.

Во текот на утрешниот ден продолжуваат средбите и разговорите во владеачката руска партија Единствена Русија.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија
Скопје, 14 април 2018

Медиуми:

А1 он
 
Макфакс
 
Вечер
 
Слободен печат
 
Пинг
 
Македонски медиа сервис
 
Тајм
 
Грид
 
Вести
 
Дејли