Тажно е со работниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги опљачкаа во изминатите 27 години


01.05.2018 | 12:16:28 | Соопштенија


Тажно е со работниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги опљачкаа во изминатите 27 години

Претседателот на Единствена Македонија д-р Јанко Бачевна работниците им го го честита 1 мај - Меѓународниот ден на трудот.

„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да Ви го честитам 1 мај и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 27 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани од „Партијата погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Најпрво СДСМ во криминалната приватизација го опљачка работничкиот имот од околу 5 милијарди тогашни германски марки кој го создаваа 45 години наназад сите работни луѓе во социјализмот. Дополнително, транзициските бандити украдоа уште 2 милијарди германски марки од шверцот со нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема Сојузна Република Југославија.

Овој грабеж на работниците е документиран во Секторот за организиран криминал при Управата за безбедност и контраразузнавање во рамките на Оперативната акција „Трансформација„ и Оперативнта акција „Монета“, меѓутоа, повеќе од две децении останува закочен во фиоките на тајната полиција.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ во постприватизациски период украде од работниците околу 5 милијарди евра.

Значи, единствената разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едните краделе од работниците во германски марки, а другите во евра.

И не случајно бандитите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот.

Работниците заслужуваат подобро. Но, ова е можно само ако биде исправена историската неправда со бесмилосниот грабеж на работниците од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија мора да го изоди уште еднаш патот од 1991-та.

Затоа, Единствена Македонија не дава празни ветувања. Единствена Македонија ќе расчисти со приватизациските и постприватизациските бандити кои ги опљачкаа работниците, храбро, решително и во интерес на работниците, украденото ќе се одземе и ќе се врати на народот“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 1 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Мактел

Народен глас

Весник

Пинг

Тајм

Вести

Дејли

Грид