СДСМ има обврска да воведе една изборна единица и да распише предвремени избори


04.05.2018 | 12:11:36 | Соопштенија


СДСМ има обврска да воведе една изборна единица и да распише предвремени избори

Единствена Македонија реагира на денешната изјава на Бетијан Китиев од СДСМ дека без изјаснување и согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да дојде до промена на изборниот модел во една изборна единица и до предвремени парламентарни избори.

Го потсетуваме СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев јасно и недвосмислено изјави дека кога ќе победат на изборите веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица.

Победата на изборите дојде. Меѓутоа, СДСМ сега калкулира и се задскрива зад ВМРО-ДПМНЕ иако има доволно мнозинство во Собранието да го смени изборниот модел и Македонија да стане една изборна единица.

Истовремено, СДСМ е во обврска да го прифати повикот на Единствена Македонија од 18 април годинава за распишување на предвремени парламентарни избори, со цел, да се соочиме со народот за историската иднина на Република Македонија - членство во НАТО и ЕУ или стратешки сојуз со Русија и членство во ЕЕУ.

Доколку СДСМ не воведе една изборна единица и не распише предвремени избори на кои народот ќе се изјасни за иднината на Македонија, може основано да се изведе аргументот дека Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на македонската јавност со што се потврдува дека лидерот на СДСМ постојано ја замајува јавноста.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 4 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Актуелно 24

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид