Со назначувањето на Џезаир Хоџа за советник на Заев, сите непријатели на Македонија во владата


06.05.2018 | 12:09:15 | Соопштенија


Со назначувањето на Џезаир Хоџа за советник на Заев, сите непријатели на Македонија во владата

Со назначувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на Зоран Заев повеќе нема дилема. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје станува најголем непријател на македонската држава.

Владата на Република Македонија во моментот е збирштина на терористи од ОНА, шарените како испостава на странски служби, поданиците на Сорос, одродени македонци со изгубено национално чувство...

Со ангажирањето и на Џезаир Хоџа како исламско-фундаменталистички фанатик и директен извршител на убиството на припадник на МВР во ТЦ „Чаирчанка“, се наметнува прашањето, дали со ваквиот состав на владини функционери на антимакедонска основа Зоран Заев прави очајнички обид за конечна пресметка со македонскиот народ и рушење на државата, а антидржавани функционери ќе му послужат за таа цел.

Единствена Македонија ќе го организира и поведе народот во општонароден фронт како единствен начин да се спротиставиме на хунтата на Зоран Заев за рушење на Македонија.

Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 6 мај 2018

Медиуми:
А1 он
ТВ Сител
Пинг
Тајм