Министерот Спасовски потврди дека Македонија си за ја замислуваат како лото игра


08.05.2018 | 12:06:23 | Соопштенија


Министерот Спасовски потврди дека Македонија си за ја замислуваат како лото игра

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека нема ништо спорно во тоа што Џезаир Шаќири како исламско-фундаменталистичкиот фанатик и извршител на убиството на припадник на МВР е поставен за советник за безбедност на Зоран  Заев.

Според министерот Спасовски, такви контроверзни имиња ја водат државата од 2002 година до денес, алудирајќи дека и власта на ВМРО-ДПМНЕ назначувала функционери кои работат директно против македонскиот народ и македонската држава.

Единствена Македонија го потсетува Спасовски дека смислата на владеењето со Македонија не е да погодуваме, дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја уништувал државата, туку, власта на СДСМ треба да ги спречи и отстрани опасните работи кои ги правела претходната власт.

Со денешната изјава на Спасовски дојде директната потврда дека марионетската власт на СДСМ си ја замислува Македонија како лото игра во која треба само да погодуваме кој повеќе, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, учествувал во рушењето на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија и македонскиот народ ќе ја победат погубната антимакедонска определба на партијата „Погреб за Македонија„ составена од хунтата на СДСМ и режимот на ВМРО-ДПМНЕ, и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Eдинствена Македонија Скопје, 8 мај 2018

Медиуми:
 
А1 он
 
Макфакс
 
Весник
Вечер
Македонија 365
Пинг
Скај
Тајм
Грид