Бачев во војна со дворските шпионски игри на Шеќеринска


13.05.2018 | 01:15:37 | Соопштенија


Бачев во војна со дворските шпионски игри на Шеќеринска

Единствена Македонија во петокот на прес конференција го сподели со јавноста Стратегискиот одбранбен преглед како клучен документ за одбраната на Република Македонија како и скандалозната информација за негово пишување во американската амбасада, со што беа разобличени опасните лаги по безбедноста на земјата изнесени на брифингот на Шеќеринска со амбасадорите на земјите од НАТО.

По прес конференцијата на Единствена Македонија, Радмила Шеќеринска спротивно на законските прописи издала наредба за обавување на информативни разговори со старешини на АРМ од страна на воената шпионска служба, со цел, откривање на кртот во АРМ кој наводно ги дал документите на Единствена Македонија кои беа презентирани на прес конференцијата.

Единствена Македонија ја предупредува Шеќеринска да престанат овие армиски дворски шпионски игри кои ја преминуваат црвената линија со грубо кршење на правата и слободите на армиските старешини кои се повикуваат на информативни разговори.

Незаконските малтретирања на воени старешини со информативни разговори потврдува дека граѓаните наивно верувале оти македоснките безбедносни служби постојат заради заштита на државата. Па кој ќе ги малтретира со информативни разговори, тогаш граѓаните?

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 13 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Фокус

Макфакс

Вечер

Пинг

Вечер прес

Тајм

Дејли

Грид