Спокојно и без паника, марионетите Заев и Мицковски нема да успеат да го обезличат македонскиот народ


19.05.2018 | 00:57:20 | Соопштенија


Спокојно и без паника, марионетите Заев и Мицковски нема да успеат да го обезличат македонскиот народ

Копретседателите Зоран Заев и Христијан Мицковски од партијата „Погреб за Македонија„ денеска на т.н. лидерска средба во нов очајнички обид за вознемирување на македонскиот народ дека ќе дојде до промена на името и идентитетот.

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ да остане спокоен, бидејќи целта на Мицковски и Заев е по секоја цена да одработат за своите странски ментори од кои се купени и корумпирани за промена на македонското име и идентитетот, но во тоа нема да успеат.

Република Македонија до месец јули ниту ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена.

Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

За таа цел, Единствена Македонија не се бори против Заев и Мицковски од партијата „Погреб за Македонија“, туку се бори против системот за обезличување на македонскиот народ кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите странски ментори го инсталираа во изминатите 27 години. Не се политички противници на Единствена Макеоднија, Зоран Заев и Христијан Мицковски, оние се само марионети во рацете на странски ментори, наш политички противник е погубната НАТО и ЕУ идеологија која ја уништува Македонија и македонскиот народ.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учестувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 19 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Цивил Медиа

Вечер

Весник

Скај

Точка

Пинг

Вести

Тајм

Дејли

Грид