Заев е срам за Македонија со изјавата дека Илинденското востание било за социјални права


20.05.2018 | 22:05:06 | Соопштенија


Заев е срам за Македонија со изјавата дека Илинденското востание било за социјални права

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ. Вчерашниот изјава на Заев по т.н. лидерска средба дека Илинденското востание било за социјални права, ја потресе македонската јавност.

Со оваа срамна изјава Заев се обидува да го урне националниот карактер на Илинденското востание и борбата на илинденците во Османлиската држава да ја сведе на борба за социјални права, како на пример, за пензии, минимална плата, социјална помош, здравствено осигурување, за поголема цена на афионот, тутунот и слично.

Единствена Македонија и македонскиот народ нема да му дозволат на Зоран Заев да го доведе во прашање националниот карактер на Илинденското востание. Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да ја заборават жртвата на славните Илинденци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на Македонија. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 20 мај 2018

Медиуми:

Макфакс

Фокус

А1 он

Нетпрес

Вечер

Весник

Точка

Пинг

Тајм

Дејли

Вести

Грид