Централен комитет на Единствена Македонија: Ниту Македонија ќе стане членка на НАТО, ниту ќе се смени името


22.05.2018 | 21:53:33 | Соопштенија


Централен комитет на Единствена Македонија: Ниту Македонија ќе стане членка на НАТО, ниту ќе се смени името
Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачи орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за новонастаната состојба во врска со обидот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Општ став изнесен на седницата беше дека македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да бидат спокојни бидејќи марионетската власт во Скопје и нивните странски газди се спречени во очајничкиот обид за промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО во јули, ниту ќе се смени името, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена. На секој нормален човек во земјата веќе му е јасно дека иднината на Македонија е во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија, додека за НАТО и ЕУ се само купените и корумпирани македонски политичари кои добро знаат дека им се ближи крајот, ќе одговараат, а украденото ќе им биде одземено и конфискувано. Централниот комитет на Единствена Македонија го поздрави прифаќањето на сугестиите од страна Алексис Ципрас наведени во писмото на претседателот Бачев кое го упати до грчкиот премиер пред 7 дена. Новата легална власт на Единствена Макеоднија веднаш ќе го префрли спорот за името од политичкиот на правниот терен, бидејќи на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно-признати механизми за употреба на името - Република Македонија во Обединетите нации. На седницата на Централниот комитет на Единствена Македонија беше разгледана и можноста за проширување на Извршниот комитет на партијата и прашања во врска со новиот избор на 53 општински комитети на партијата, а во оваа насока беа утврдени конкретни насоки до крајот на летото да биде проширена партиската инфраструктура во сите 80 општини во Македонија. Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 22 мај 2018 Медиуми: А1 он Макфакс Весник Вечер Тајм Вести Дејли Грид