ТВ дуелот покажа дека Заев и Мицковски се во исто друштво на посттранзициските бандити и за промена на името


24.05.2018 | 21:40:51 | Соопштенија


ТВ дуелот покажа дека Заев и Мицковски се во исто друштво на посттранзициските бандити и за промена на името

Синоќешниот телевизиски дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски потврди дека се на исти позиции за богатењето од позиција на власт, за промената на името и идентитетот, и дека се марионети на странски центри.

Народот виде и слушна како Зоран Заев и Христијан Мицковски станале посттранзициски бандити кои трупаат големи богатства од позиција на власт. Заев како градоначалник и премиер со разноразни бизниси во земјоделието, градежништвото, дрогата... а Мицковски како функционер во владата на Груевски за само две години се стекнал со 5 милиони евра во хидроцентрали, а дополнително како странски енергетски консултант добивал по 100.000 евра годишно без да ја каже користа за народот од неговите консултантски услуги.

Меѓутоа, Заев и Мицковски во еден глас извикаа дека богатството го стекнале според законот.

Зоран Заев и Христијан Мицковски имаат исти позиции за промена на името и идентитетот на македонскиот народ, со тоа што Заев е за ново име за домашна и меѓународна употреба, а Мицковски е за ново име за цел свет, а само внатре да си бидеме Македонци што во суштина не значи ништо.

Истовремено, Зоран Заев и Христијан Мицковски како платеници и марионети на НАТО и ЕУ повторно ширеа лага дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ иако јасно изразената волја на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните е за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, се разбира, според законот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 24 мај 2018