Скандал, Заев му признал на Ципрас дека Македонците имаат албанско потекло


26.05.2018 | 21:22:28 | Соопштенија


Скандал, Заев му признал на Ципрас дека Македонците имаат албанско потекло

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени и шокирани од вчерашната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој, по средбата во Солун со градночалникот Јанис Бутарис рече дека Македонците имаат словенски и албански корени  и дека ние тоа го признаваме.

Земајќи предвид дека Ципрас се среќава на неколку пати со Заев, јасно е дека тоа признавање дека Македонците имаат наводни корени и од Гегите (Арнаутите) т.н. Албанци е направено од страна на Заев.

Дотолку повеќе, од страна на Заев нема никаква реакција на јасната изјава на Ципрас дека има признание дека Македонците имаат корени и од Албанците.

Ова е невиден скандал. Марионетата Заев купен и контролиран од странски центар, отиде предалеку во очајничкиот обид да сруши се што е македонско. За ова национално злосторство и голем срам за Македонците мора да има одговорност.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 26 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Пинг

Точка

Медиа 24

Тајм

Вести

Дејли

Грид