Мора да има одговорност за бришење на државјанството на Македонците во изводот на родени


28.05.2018 | 21:12:27 | Соопштенија


Мора да има одговорност за бришење на државјанството на Македонците во изводот на родени

Единствена Македонија пред пет дена на прес конференција сподели со јавноста документи за невидениот скандал на марионетската власт во Скопје која започна да ја брише државјанската поврзаност на Македонците со својата матична држава Република Македонија.

Управата за водење на матични книги пет дена не одговара за скандалозното започнување да издава извод на родени, во кои, во графата државјанство е избришан зборот Република Македонија.

Пет дена од Управата за матични книги, министерството за правда во чиј состав е оваа управа, владата, граѓанските активисти и невладините блиски до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, целосен молк.

Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија прашуваат кога и дали ќе одговара налогодавачот на ова национално злосторство врз Македонците, кои, во изводот на родени веќе се обележуваат со црти.

За ова постапување на антимакедонска и антидржавна основа, со кое, Македонците во својата матична држава стануваат своевидни апатриди, односно, лица без дефинирано државјанство и обележано со црти, мора да има одговорност.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 28 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Весник

Вечер

Агенда

Тајм

Вести

Дејли

Грид