Подготвени сме за преземање на власта


31.05.2018 | 21:00:05 | Соопштенија


Подготвени сме за преземање на власта

Единствена Македонија го споделува задоволството со народот од успешно завршената прва школа за обука на кадри за потребите на новата легална власт на Единствена Македонија.

Тридневната теоретска и практична обука под менторство на професорот Леонид Савин од Русија беше спроведена за 50 посетители утврдени според строги критериуми согласно задачите што ќе произлезат од новата власт на Единствена Македонија.

Школата на Единствена Македонија за обука на кадри ќе функционира позасилено и во иднина, со цел обука на доволно кадри за големите потреби на органите на државната власт земајќи предвид дека не чека тешка работа бидејќи државата е уништена на политички, безбедносен, економски и социјален план.

Република Македонија е држава во која се оди на полошо. По преземањето на власта мора заедно со народот да расчистиме со националните предавници и да ја направиме долгоочекуваната конфискација на украденото во криминалната и посткриминалната приватизација во кои се украдени повеќе од 10 милијарди евра во изминатите 27 години. Сето тоа ќе се спроведе според законите што ќе произлезат од новиот македонски устав.

Единствена Македонија е уверена дека народот е спремен да го направи оној чекор што не го направи во изминатите 27 години. Во следниот период Единствена Македонија ќе ги победи погубните политики на партијата „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Подготвени сме за преземање на власта.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 31 мај 2018 Медиуми: А1 он Макфакс Слободен печат Фокус Лидер Весник Вечер Точка Народен глас Тајм Вести Дејли Грид