Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на македонскиот народ


04.02.2018 | 22:09:48 | Соопштенија


Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на македонскиот народ

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени од вчерашната реакција на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, со која по телефон го искарал Метју Нимиц и притоа јасно побарал преговорите за името да продолжат според она што било договорено во Давос.

Земајќи предвид дека во Давос се сретнаа Заев и Ципрас и дека по оваа средба токму Коѕијас на грчката државна телевизија изјави дека решение во спорот за името ќе има со договорени седум точки кои опфаќаат промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти..., произлегува дека Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на Македонија и Македонците.

Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ бара од Заев да се вразуми и веднаш да престане со сите активности за обезличување на Македонците кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за македонскиот народ и држава.

Центар за комуникаии на Единствена Македонија Скопје, 4 февруари 2018

Медиуми:

А1 он

Република

Макфакс

Вечер

Весник нет

Македонски медиа сервис

Подгорци инфо сервис

Пинг

Скај

Тајм

Грид

Дејли

Вести