Единствена Македонија: Петровска ја обвинува Русија и се меша каде не и е место, а молчи каде мора да се меша - Македонците во Бугарија


24.01.2022 | 12:52:19 | Соопштенија


Единствена Македонија: Петровска ја обвинува Русија и се меша каде не и е место, а молчи каде мора да се меша - Македонците во Бугарија

Дали да се смее народот или да плаче по синоќешната изјава на министерката за одбрана, Славјанка Петровска која во име на македонскиот државен врв ја обвини Русија за дестабилизирачко и провокативно однесување во Украина кое је загрозувало безбедноста на европскиот континет.

Срамна и жална изјава. Марионетската влада во Скопје се меша во Украина каде што нема никакво влијание, а во исто време целосен молк за работите каде треба и мора да се меша - одбрана на Македонците во Пиринска Македонија.

Поданичкиот менталитет на власта во Скопје уште еднаш исплива на површина со беспоговорно полтронство спрема странските ментори, дури и кога е на штета на македонските национални и државни интереси. Да потсетиме, Русија никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена порача дека писменоста доаѓа од македонската земја, а од друга страна слепо се следат странските ментори кои бришат име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ.

Што може да се очекува од една марионетска власт и марионетската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, инсталирани и купени од странски центар за бришење на се што е македонско. Но, среќа во несреќа е што антимакедонското поведение на марионетската влада во Скопје не ја отсликува вољата на македонскиот народ, туку е резултат на одродени Македонци во власта со изгубено национално чувство.

Срамното и непријателско обвинување на Русија, а во исто време молчење за асимилацијата на Македонците во Бугарија е врв на полтронството, меѓутоа, мариоентата Славјанка Петровска испуштила од вид дека полтроните секој ги посакува но никој не ги цени.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 24 јануари 2022 година