1

(ВИДЕО) Поддршката за Филип Петровски е подршка против марионетите на Џес Бејли – Мицковски и Заев

Mar 05 2019
(0) Comments

Изјава, Единствена Македонија
д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 24 февруари 2019

Почитувани,

-„Денес во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Општина Центар дојдов да го дадам својот потпис за кандидатурата на д-р Филип Петровски и да ја изразам мојата подршка како претседател на Единствена Македонија која е дел од големата коалиција „Македонија-Блокира“ која застана ад кандидатурата на Петровски.

Веднаш да го изразам моето разочарување и осуда за на што се случуваше во текот на вчерашниот ден на избирачките места од каде нашите потврдени и документирани информации говорат дека  активисти на Мицковски стоеле на избирачките места и вршеле притисоци на луѓето што сакале да  се потпишат на кандидатурата на Филип Петровски.

Исто така, службениците на ДИК на избирачките места масовно го подметнувале формуларот на Гордана Силјановска да се потпишуваат луѓето кај неа користејќи што на секој лист од формуларот не стои името на кандидатот за претседател. Еве сега од сабајле наутро доаѓаат луѓе кои велат дека се потпишале а при нашите проверки гледаме дека ги нема на формуларот.

Сакам да упатам порака заедно со македонскиот народ дека нема да дозволиме Заев и Мицковски да го направат овој фалсификат оти сето ова укажува дека имаат договор да има само двајца кандидати и да нема трет кандидат во оваа изборна трка и на тој начин да продолжи оваа погубна политика во изминатите 28 години и да продолжат да се менуваат на власт ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

И покрај сите опструкции можам да кажам дека сме задоволни од првиот ден, еве сабајле од нашиот изборен штаб ја имаме информацијата дека се собрани 4.500 потписи за кандидатурата на Филип Петровски и затоа очекуваме во наредните денови да собереме 10.000 потписи.

Во оваа прилика ги повикувам граѓаните да го дадат својот потпис за Филип Петровски и потоа на изборите исто така да гласаат за Петровски, бидејќи ја уверувам јавноста дека само кандидатот Филип Петровски може да ги победи овие двајца кандидати, кои всушност и не се двајца кандидати, бидејќи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се иста матрица под контрола на американскиот амбасадор Џес Бејли, тоа е една иста партија „Погреб за Македонија„ оставена од два дела ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Значи, Филип Петровски е кандидатот кој единствено може да ги победи овие двајца кандидати. Филип Петровски е со определби за Македонија каква што сите ја сакаме.

А тие определби се гордост за секој Македонец да ги повторам во оваа прилика: поништување на Преспанскиот договор, укинување на двојазичноста, државното уредување засновано врз илинденските и асномските принципи и предизвикување на вонредни парламентарни избори.

Значи, уште еднаш ги повикувам граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот потпис и во наредните денови да ги собереме потребните потписи за кандидатурата на Филип Петровски„ –  истакна претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.