30

30 септември, Денот на големата референдумска победа, ден кога народот кажа НЕ онаму каде што марионетската власт рече ДА – фотогалерија

Sep 30 2020
(0) Comments

„Македонија Бојкотира“ ја одбележа двегодишнината од референдумот на кој македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мислат за евроатлантските интеграции на Македонија и предавничкиот договор со Грција. Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО со бришење на вековното македонско име.

Под мотото „Не се откажуваме – Битката за Македонија продолжува“ на видео бим беше прикажан документарен филм за големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.

Да потсетиме дека националниот блок „Македонија – Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство водеше кампања за бојкот на референдумот.

Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.

30 септември 2018 година има свое формално – правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.   

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 30 септември 2020 

Скопје 1

Македонски весник

Охрид 1

Тајм

Грид

        

image_print