0

Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

Jun 21 2019
(0) Comments

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ја забрани стручната дебата во организација на Единствена Македонија на начин што не дозволи користење на сала во Домот на АРМ иако претходно уредно беше доставено соодветно барање.

Шеќеринска ја ставила забраната откако и било предочено дека универзитетски професори, дипломати, историчари и новинари ќе дебатираат за излезните решенија за Македонија по националното предавство на марионетската власт во Скопје со бришење на се што е македонско.

Шеќеринска изврши тешка злоупотреба на својата положба оти Домот на АРМ не е нејзина приватна своина туку објект во државна сопственост во кој согласно законот се издаваат простории за најразлични настани со плаќање на соодветна закупнина. Дотолку повеќе, Единствена Македонија во изминатите десетина години има организирано повеќе дебати и трибини во Домот на АРМ со уредно плаќање на закупот на просториите.

Забраната на Шеќеринска на демократска дебата е веќе знак на една уплашена власт за која цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите. Готови се и тие тоа го знаат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 21 мај 2019

Медиуми:

А1 он

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Дејли

Вести

Грид