115 (фб)

Шокантно, Заев синоќа ја нафрлил и темата за слобода на уставобранителите, Мицкоски одбил

Sep 11 2019
(0) Comments

Синоќа на крајот на средбата меѓу Заев и Мицкоски имало неочекуван пресврт кога Заев револтирано прокоментирал дека ќе ја отворел ако треба и темата за слобода на уставобранителите само Мицкоски да го прифати законот за обвинителството со кој се решава и статусот на специјалното обвинителство, но, Мицкоски одбил и возвратил дека законот ќе помине ако се прифати нивното барање да предложат обвинител кој ќе ги води сите постапки од СЈО, или, со други зборови, слобода за поранешните функционери за ВМРО-ДПМНЕ.

Паднаа маските! Наводниот патриот Христијан Мицкоски синоќа се отвори и конечно собра храброст да признае дека не му е грижа за уставобранителите кои со монтирани процеси се фрлени во темните затворски зандани. Мицкоски сака слобода само за своите сопартијци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ обвинети за повеќе кривични дела.

Единствена Македонија го почитува правото на Мицкоски да се бори за слобода на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но, го прашуваме Мицкоски, дали се гледа и слуша што прави, претендира да стане премиер а врши предавство спрема уставобранителите.

Единствена Макеоднија не дава празни ветувања. Ние нема да се помириме со прогонот врз македонските патриоти кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба дека го бранат уставниот поредок. Прва задача на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е – веднаш слобода за уставобранителите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 11 септември 2019