31

Честитка од претседателот Бачев: 11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело

Oct 11 2018
(0) Comments

-„Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против фашистичкот окупатор, со што, заедно со големата Црвена армија на Советскиот сојуз дојде слободата за народите на светот и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.

Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е  македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.

Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на стрната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жргвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.

Нека е честит 11 Октовмри! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во честитката од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод денот на народното востание 11 Октомври.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 11 октомври 2018

А1 он

Дејли

Вести

Тајм

Грид

image_print