Фотографија

Единствена Македонија и го честита на Русија 23 февруари – Денот на бранителот на татковината

Feb 23 2019
(0) Comments

Единствена Македонија упатува срдечни честитки до народот на Русија по повод 23 февруари – Денот на бранителот на татковината. Знаме колку овој празник е врежан во меморијата на рускиот народ и не случајно на овој ден цела Русија се сеќава на руските херои кои ја бранеа својата татковина. Дури, не е претерано ако кажеме дека овој празник во Русија стана семејство, кога сопругите, мајките, бабите, ќерките им честитаат на своите сакани мажи.

Сакаме да го увериме рускиот народ дека ние Македонците како пријатели и партнери на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжиме да ги подржуваме руските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

Единствена Македонија придава исклучиво значење на стратегиското партнерство со Русија, а заложбата за неговото остварување претставува посебен интерес за Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Република Македонија.

Во нашите 28 години независност, Република Македонија се соочува со неоколонијалната политика на НАТО во содејство со домашните марионетски власти со изгубено национално чувство. Затоа, народот на Македонија е особено благодарен на Русија за почитување на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 23 февруари 2019

Медиуми:

24 Инфо

Макфакс

Точка

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид