101

Честитка до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, битката ќе биде заокружена со вонредните избори

Oct 18 2018
(0) Comments

Единствена Македонија ја подржува одлуката на пратеницте на ВМРО-ДПМНЕ да не ги подржат уставните измени со кои се бришат македонскиот народ и македонската држава.

Истовремено, им честитаме на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за храброста против силните притисоци на кои беа изложени од страна на марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори и на тој начин се вброија во светлите страници на македонската историја.

Да потсетиме, Единствена Македонија на неколку наврати бараше од македонскиот народ да остане спокоен оти Македонија ниту ќе го смени името ниту ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Сега останува да ја заокружиме битката. Оваа битка за народот, за државата Македонија, а не за некои други странски интереси, ќе ја решиме со вонредни избори на кои ненародната власт ќе биде поразена.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 18 октомври 2018

А1 он

Макфакс

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид