21

(ФОТО) Славе Дамчевски е нов претседател на ОК Единствена Македонија Аеродром

Nov 05 2019
(0) Comments

Вечерва, вторник, 5 ноември 2019 во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Аеродром за нов претседател на Општинскиот комитет Аеродром е избран Славе Дамчевски. На настанот присуствуваше и претседателот на партијата Јанко Бачев придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата до 31 декември 2019.

Единствена Македонија продолжува да биде отворена за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега!

 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 5 ноември 2019