104 (1)

(ФОТО/ВИДЕО) Регионална средба со партиските организации од Тетовскиот регион

Jun 10 2013
(0) Comments

Народно движење за Македонија земајќи ги предвид новодобиените информации дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори во март 2014 година а во функција на подготовка за изборите, започнува со одржување регионални средби со Општинските комитети на партијата.

Во овој контекст, вчера, недела 09.06.2013 на Беловишките водопади на Шар Планина беше остварена првата регионалан средба на дел од раководството на партијата во состав, претседателот Јанко Бачев и членовте на Извршниот комитет на партијата, Трпко Спасовски и Борче Марковски со партискиот координатор за шестата изборна единица Жарко Јанчевски кој воедно е и советник во Советот на Општина Јегуновце, како и со претседателите и членови на Општинските комитети на партијата за општините Тетово, Јегуновце и Теарце.

На средбата претседателот Бачев ја презентираше Предлог – стратегија на партијата за претстојните вонредни парламентарни избори во март 2014 година која е изработена од работна група на Извршниот комитет на НДМ.

Оваа предлог-стратегија, во наредниот период ќе биде разгледувана на уште пет регионални средби во другите делови на земјата, со цел да се запознаат со неа сите Општински комитети на партијата.

По ова, Предлог-стратегијата ќе биде понудена на усвојување на наредната седница на Централниот комитет на НДМ која ќе се одржи во септември 2013 година. Стратегијата што ќе биде усвоена од Централниот комитет треба да биде основа на сите активности кои и претстојат на НДМ во врска со претстојните парламентарни избори.

Скопје, 10 јуни 2013
Центар за комуникации со јавноста на НДМ

image_print