Собрание 111

ФОТО: Бачев, Мицов, Угриновски, Николов и Јованчев пред Собрание запалија свеќа – испратија последен поздрав за Саздо

Jul 11 2018
(0) Comments

Почит, Единствена Македонија
Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Драган Угриновски, Ацо Николов и Зоран Јованчев
Скопје, вторник, 10 јули 2018

Мирен протест се одржа вечерва пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски- Саздо каде граѓаните пред фотографија од починатиот Саздо поставена на троатарот пред Собранието, со солзи во очите палеа свеќи.

Меѓу присутните беа и членови на навивачката група „Комити“, чиј член беше Саздовски, како и претставниците на Единствена Македонија Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Драган Угриновски, Ацо Николов и Зоран Јованчев кои запалија свеќа и испратија последен поздрав за младиот македонски комита Никола Саздовски.