4. Прес, 19.02.2019

Филип Петровски обезбеди 16.300 потписи, поседуваме цврсти докази за криминалното спречување на кандидатурата на Петровски

Mar 16 2019
(0) Comments

Ја информираме јавноста дека реалната состојба со потписите за кандидатурата на д-р Филип Петровски воопшто не одговара на официјалната потврда што дојде синоќа од Државната изборна комисија.

Кандидатот на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски имаше многу повеќе од потребните 10.000 потписи, но, Државната изборна комисија по секоја цена го спречи да се најде на избирачкото ливче на 21 април како кандидат за претседател на Република Македонија.

Во периодот на припремата на кандидатурата на д-р Филип Петровски, односно, пред официјалното започнување на постапката за собирање на потписи, во интерните списоци на „Македонија-Блокира„ имавме 16.300 изјави на избирачи кои ќе се потпишат за кандидатурата на д-р Петровски, од кои 9.200 во земјата и 7.10 од нашинците во дијаспората.

Кога почна официјалното собирање на потписите, на сцена стапи ДИК и во заднина со повеќе противзаконити дејствија спречи да се собираат потписи за д-р Петровски.

Државната изборна комисија беше во законска обврска петнаесетиот ден од распишувањето на изборите да ги отвори сите 80 општински изборни комисии на територијата на Република Македонија како и 41 дипломатско-конзуларно претставништо во странство како избирачите би го давале својот потпис за д-р Петровски во законскиот рок од 15 дена.

Меѓутоа, се случи спротивното, ДИК не ги отвори сите 80-те општински изборни комисии на територијата на Република Македонија а не се отворија и не примаа формулари за потписи на д-р Петровски и 41 дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во странство.

Одделни подрачни канцеларии на ДИК се отворија само првиот и последниот ден кога потписи собираа Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и во последен момент Блерим Река. На првиот ден од собирањето ан потписи, формуларот на д-р Петровски е криен во фиоките и подметнувами се формуларите на Силјановска. Исто така, подметнувани се лажни форумулари кои не се потпишани од кандидатот д-р Петровски а кои по исполнување со потписи за д-р Петровски се фрлани и поништувани.

За сето наведено со кое е попречено активното избрачко право на д-р Филип Петровски да биде биран како и пасивното избирачко право на 16.300 избирачи кои имаат избирачко право и имале намера својот потпис да го дадат за кандидатурата на д-р Петровски и да бираат на изборите, „Македонија-Блокира„ поседува цврсти материјални и вербални докази.

Центар за комуникации на „Македонија-Блокира„
Скопје, четврток, 14 март 2019

Медиуми:

Пулс 24

Прес 24

Опсервер

1 ТВ

Либертас

Тајм

Вести

Дејли

Грид