115 (фб)

Уште колку роднини треба да вработат и да опљачкаат луѓето на власта за да видиме што е морал за Зоран Заев

Apr 25 2019
(0) Comments

Марионетската власт во Скопје подолго време ја тресе скандал со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на владини функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и тендери на министри во милиони евра.

Зоран Заев на сето ова лежерно се мајтапи со јавноста. Заев своевремено велеше дека доколку ги смени сите функционери инволвирани во скандалите ќе нема доволно луѓе да ја врши власта. Подоцна Заев велеше дека неговите од СДСМ ќе ги вратат грантовите што ги добиле од позиција на власт, но, тоа не се случи.

Сега гледаме како Заев повторно се заебава со народот и вели дека членови на семејствата и роднини на негови функционери ќе се повлекувале од работните места, но, дури кога беа фатени од јавноста а за инволвираните функционери никаква одговорност.

Јавноста е сведок како устата на Зоран Заев е полна со владеење на правото, одговорност, чесност, моралност а во реалноста гледаме безаконие, непотизам, криминал и корупција.

За сите овие скандали на власта во Скопје целосен молк и од НАТО и ЕУ за функционирањето на правната држава. Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат безаконието на инсталираната власт во Скопје, а која за возврат послушно ги  спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците.

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев ако скандалот со грантовите на неговите од СДСМ, тендерите на неговите од СДСМ, масовни вработувања на членови на семејствата и роднини на неговите од СДСМ, не е доволно барем за морална оставка на инволивирани луѓе на власта, тогаш, што е морал за Заев!?

Одоговорност за бесрамниот непотизам и грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 25 април 2019