159

Учеството на војници од Албанија на воена вежба во Македонија за војување со Србија е тешка провокација за македонскиот народ

Apr 18 2019
(0) Comments

Марионетската влада на Зоран Заев на вчерашната владина седница донела одлука во рамките на воената вежба „Одлучен удар„ на Криволак, меѓуостанатите војници на НАТО да има и војници од Република Албанија.

Во заднина, оваа воена вежба на македонската армија со учество на војници и од Албанија, всушност има за цел обука и припрема за војување за интересите на Косово при евентуален судир меѓу Србија и Косово.

За жал, Заев и министерката за одбрана Шеќеринска без никакви емоции всушност ги најавија првите жртви во војната со Русија оти на сите им е јасно дека при евенуалниот косовско-српски судир ќе следи замешување на Русија и НАТО.

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат за албанските интереси против Србија и Русија.

Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија, со што, за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава. 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 18 април 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Центар

24 Инфо

365

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print