Фотографија 1

Тежок и тажен ден за Македонија, странскиот измеќар Заев си ја исполни желбата за одмазда спрема уставобранителите

Mar 16 2019
(0) Comments

Вчера во Кривичниот суд во Скопје беше тежок и тажен ден за Македонија со изречените затворски казни од повеќе од два века за уставобранителите кои ги шокираа македонскиот народ, поголем дел од граѓаните на Република Македонија и семејствата на осудените.

Странскиот измеќар Зоран Заев поради лична одмазда спрема одредени осудени лица продолжува да се поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од осудените за продолжување на процесот спрема организаторите за настанот од 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар – слобода за даден глас во Собранието.

Единствена Македонија се обврзува дека ќе остане на првата линија во одбрана на националните и државните интереси и Извршниот комитет на партијата ќе утврди следни чекори во врска со овој најнов политички реваншизам на марионетската власт во Скопје спрема македонските уставобранители.

Но уште од сега е сигурно дека по промената на власта Единствена Македонија ќе започне постапка за амнестија на неправедно осудените уставобранители кои влегоа во Собранието со силна верба за одбрана на уставниот поредок. Патем, шамари, клоци, кршење на врати во Собранието… во никој случај не можат да бидат причина за изрекување на казни од преку двеста години затвор и оттука вчерашните пресуди се нарачани и однапред напишани за задоволување на личната суета на Заев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 16 март 2019

Медиуми:

Макфакс

24 Инфо

Точка

Вечер

Весник

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид