Фотографија 1

ТВ дуелот покажа дека Заев и Мицковски се за промена на името, дека се марионети на НАТО и дека се посттранзициски бандити

Mar 27 2019
(0) Comments

Синоќешниот телевизиски дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски потврди дека се на исти позиции за богатењето од позиција на власт, за промената на името и дека се марионети на странски центри.

Лагите на Мицковски и Заев за нивното криминално богатење повеќе не поминуваат. Народот знае како Зоран Заев и Христијан Мицковски станале посттранзициски бандити кои трупаат големи богатства од позиција на власт. Заев како градоначалник и премиер со разноразни бизниси во земјоделието, градежништвото, дрогата… а Мицковски како функционер во владата на Груевски со бизниси со хидроцентрали и како странски енергетски консултант без да ја каже користа за народот од неговите консултантски услуги.

Зоран Заев и Христијан Мицковски имаат исти позиции за промена на името, со тоа што Заев веќе отворено избриша се што е македонско, а Мицковски отворено кажува дека нема да го поништи договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Истовремено, Зоран Заев и Христијан Мицковски како платеници и марионети на НАТО повторно ширеа лага дека Македонија нема алтернатива на НАТО и ЕУ иако јасно изразената волја на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните е против членството на Македонија во НАТО.

Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.

Народот повеќе не се пали на празните муабети на Мицковски и Заев кој повеќе лажел, крадел и ја растурал државата во изминатите 30 години, кој со кого бришел патос… во услови кога и Мицковски и Заев се марионети на ист странски центар.

Македонскиот народ нема повеќе право на грешки. Потребна е цврста опозиција и резултатот ќе дојде. Сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, се разбира, според законот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 27 март 2019