Фотографија 1

(ВИДЕО) Стручна дебата: Една година по референдумот – што понатаму, состојби и предизвици

Sep 30 2019
(0) Comments

Стручна дебата, Единствена Македонија,
д-р Јанко Бачев, д-р Тони Науновски, д-р Оливер Андонов, д-р Петар Поповски, м-р Слободан Томиќ, Ристо Никовски, Елизабета Матевска
Скопје, х. Турист, понеделник, 30 септември 2019

Во организација на Единствена Македонија, денес, понеделник, 30 септември 2019 се одржа стручна дебата по повод една година од големата референдумска победа на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со која беше одлучно кажано големо „НЕ„ за промена на името и членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

На стручната дебата на тема: „Една година по референдумот – што понатаму, состојби и предизвици„ свое излагање имаа универзитетските професори Тони Науновски, Оливер Андонов и Јанко Бачев, амбасадорот Ристо Никовски, граѓанската активистика Елизабета Матевска, историчарот д-р Петар Поповски и новинарот м-р Слободан Томиќ.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека со Договорот за промена на името се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ со што практично се брише цел еден народ од светската мапа на нации.

Меѓутоа, среќна околност е што постојат меѓународно правно-признати основи и постапка за поништување на Договорот со Грција за промена на името што претпоставува една претходна состојба да дојде нова народна власт со храброст и определба да покрене постапка за поништување на овој антимакедонски договор со немерливи штетни последици за Македонија и Македонците. Преспанскиот договор е длабоко трауматичен за македонската национална свет и мора да биде поништен, вака според експертската јавност беше претставена Македонија една година по референдумот и состојбата и  предизвикот за натамошна битка до конечна победа за македонската држава и македонскиот народ.

ПРВ ДЕЛ

ВТОР ДЕЛ

ТРЕТ ДЕЛ

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 30 септември 2019

image_print