Фотографија

Странските газди на Заев поразени на европските избори, ако има грам морал Заев да бара предвремени избори

May 28 2019
(0) Comments

Зоран Заев доколку има грам морал и совест треба веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори од неколку причини:

Зоран Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење на Заев и неговото опкружување од позиција на власт и врз грбот на народот.

Зоран Заев најавуваше сигурен датум за преговори со ЕУ, но, уште од сега е јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во Унијата.

Зоран Заев во името на евро-атланските политики и за некаков идеен проект на ЕУ го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но, токму овие политики на изборите за Европскиот парламент доживеаја дебакл. На европските избори се поразени клучните странски ментори на Заев на кои верно им служеше во геноцидниот проект за бришење на се што е македонско и кои своевремено му ги дадоа клучните политички бомби. Дури, и ко-геноцидниот партнер на Заев врз Македонија и Македонците, Алексис Ципрас, најави вонредни парламентарни избори по изборниот пораз за Европскиот парламент.

Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени. Европските избори покажаа дека доаѓа нова Европа со почитување на националниот идентитет на нациите а во кои рамки Македонија го остварува својот национален и државен интерес.

Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избори.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 28 мај 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Скопје 1

Макпрес

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print