Фотографија

Срамно и опасно е решавање на проблемите со медијатор меѓу министерот во МВР и неговата заменичка

Feb 25 2020
(0) Comments

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија се силно вознемирени од денешната информација во јавноста дека министерот во МВР и неговата заменичка не разговараат и своите недоразбирања ги решаваат со медијација од страна на Македонскиот полициски синдикат.

Недозволиво, срамно  и крајно опасно е првите луѓе во МВР да не сакаат да се видат меѓу себе иако станува збор за најчуствителниот орган за безбедноста на народот и државата. Личната нетрпеливост меѓу првите луѓе во МВР е скандал сам по себе и голем срам во очите на домашната и светската јавност.

Единствена Македонија прашува, а што ако сме во војна или дојде до посериозно загрозување на редот и поредокот во државата,  дали во таков случај првите луѓе во МВР би функционирале како старешини на две спротиставени полициски војски.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават недозволиви импровизации и го сведуваат МВР на обични бројки – колку партиски началници ќе добијат, колку возила ќе им дадат на своите партиски апаратчици да се луксузираат со службени возила. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека го растураат едно од најзначајните министерства одговорно за безбедноста, редот и поредокот во државата.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги сосече во корен ваквите неодговорни и опасни политики. Единствена Македонија најзначајните државни функции ќе ги довери врз основа на знаење, способност и достигнување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 25 февруари 2020

Скопје 1

Македонски весник

Охрид 1

image_print