115 (фб)

Срамно е што Заев и Мицковски во изборната кампања отворено се заебаваат со народот на темата криминал

Apr 05 2019
(0) Comments

Зоран Заев и Христијан Мицковски почнаа да го губат компасот во изборната кампања и без трошка срам почнаа отворено да се заебаваат со народот од кого бараат гласови.

Заев вели ќе правел селфи со Мицковски ако се откажал од криминалецот Груевски, а во исто време Заев како премиер нема конфискувано ниту едно евро од времето на криминалецот Груевски иако самиот Заев како опозиционер тврдеше дека доколку СДСМ формира влада се ќе биде одземено и конфискувано.

Мицковски му враќа на Заев дека е спремен за селфи ако претходно Заев ги врати оние украдени 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украл заедно со Вице иако Мицковски како советник на Груевски од позиција на власт не му ги одзеде на Заев украдените 8 ипол милиони евра.

Лагите на Заев и Мицковски повеќе не поминуваат. Народот ги прочита и Мицковски и Заев и знае дека се контролирани и купени од ист центар, дека се партнери во криминалното богатење и уништување на се што е македонско.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 28 години ќе биде конфискувано од сите криминалци. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 5 април 2019

А1 он

Опсервер

Грид

Вести